Владата купува гуми за „мерцедесот“ вредни 3.300.000 денари

фото: Курир.рс

Бирото за јавни набавки кое е под Министерството за Финансии, објави оглас според кој Владата за своите потреби набавува пневматици за своите стандардни, но и за блиндираните возила.

Како што може да се види во јавно достапната документација, објавена на електронскиот систем за јавни набавки, предмет на договорот е во два дела и тоа набавка на гуми за стандардни моторни возила, чија вредност без ДДВ изнесува 700.000 денари и набавка на гуми за блиндирани моторни возила, чија вредност без ДДВ изнесува 3.300.000 денари.

Според пресметката, вкупната сума на набавката е 4.720.000 со ДДВ или околу 77.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот