ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Спортските сали во Карпош, Кисела Вода, Радовиш и Куманово им се враќаат на општините

Спортските сали „Партизан” и „Расадник” им се враќаат во владение на општините Карпош и Кисела Вода, а спортската сала „Кале” ќе и биде дадена на трајно користење на Кошаркарската федерација.

Покрај ова, одлучено е и спортската сала во Радовиш и спортската сала и другите спортски објекти во Куманово да им бидат вратени на двете општини.

Ваква одлука денеска донесе Владата на својата редовна седница.

„Со овие одлуки, спортските сали се враќаат во владение и на управување на општините и стануваат поблиску до граѓаните и до спортските клубови во локалните заедници со што се отвораат можностите и потенцијалите за нивна поголема искористеност и за развој на спортот и физичката култура“, соопштуваат од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот