Витамин Ц: Зошто е толку важен и зошто ни е толку потребен?

Витаминот Ц е растворлив во вода, а телото не го складира. За да одржиме соодветно ниво на витамин Ц, мора секојдневно да јадеме храна што го содржи овој витамин.

Витаминот Ц е природна состојка во одредени намирници, на некои се додава, а може да се најде и како суплемент, објаснува американскиот Национален институт за здравство (НИХ). Овој витамин е есенцијалниот дел од исхраната, па затоа е важно да знаете што неговата секојдневна употреба ќе му направи на вашето здравје.

Недостаток на витамин Ц може да предизвика бројни здравствени проблеми, а најчестите вклучуваат губење на тежината, замор, воспалени непца што можат да крвават, рани на кои им треба долго време да зараснат, настинка по настинка и слично. Тука се вбројуваат и честите инфекции на уринарниот тракт.

Може да помогне кај висок крвен притисок

Истражувањата покажаа дека витаминот Ц може да помогне во намалување на крвниот притисок и кај оние со и без хипертензија.

Му помага на телото за закрепне

Витаминот Ц е основна компонента на сврзното ткиво и игра важна улога во заздравувањето на раните.

Содржи антиоксиданти

Витаминот Ц делува како антиоксидант, може да спречи оштетување на клетките и игра превентивна улога кога е во прашање оксидативниот стрес.

Може да го зголеми производството на колаген

Овој витамин е потребен за биосинтеза на колагенот и затоа е главна состојка во многу производи за нега на кожата.

Може да дејствува како превенција од развој на рак

Според НИХ, многу истражувања докажале дека витаминот Ц може да спречи развој на рак, а повеќето студии покажуваат порзаност помеѓу внесот на витамин Ц и карциномот што се јавува на белите дробови, дојката, цревата…

Може да го подобри работењето на срцето

Според експертите, постојат докази дека овој витамин спречува развој на кардиоваскуларни болести. Земањето на овој витамин преку храна или суплементи делува како заштита од коронарни болести на срцето, а може да го намали ризикот од срцев удар.

Го чува видот

НИХ, исто така, нуди докази дека витаминот Ц може да спречи, па дури и да лекува макуларна дегенерација и катаракта, две водечки причини за губење на видот кај постарите лица.

Може да превенира скорбут

Акутниот недостаток на витамин Ц може да доведе до скорбут (крвавење на непцата), а тој ретко се јавува во развиените земји, а симптомите може да се појават еден месец откако ќе се појави дефицит на овој витамин во организмот. Симптомите вклучуваат замор и воспаление на непцето (гингивит). Сепак, состојбата може да се влоши, така што ќе донесе и депресија, дури губење на забите. Ако не се лекува, може да биде фатално.

Помага кај настинка

Овој витамин го зајакнува имунитетот. Витаминот Ц може да го скрати времетраењето на настинката и да ги ублажи симптомите кај општата популација, објаснува НИХ.

Ги штити меморијата и размислувањето, како што стареете

Деменцијата е широк израз што се користи за да се опишат симптомите на лошо размислување и памтење. Витаминот Ц е силен антиоксидант. Ниските нивоа на овој витамин се поврзани со ослабена способност за размислување и помнење. Покрај тоа, неколку студии покажаа дека луѓето со деменција може да имаат пониски нивоа на витамин Ц во крвта.

Може да превенира недостаток на железо

Овој витамин му помага на организмот што подобро да апсорбира железо, а една студија докажала дека 100 мг од овој витамин ја зголемува апсорпцијата на спомнатиот минерал за дури 67 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот