Високи германски и руски претставници ќе се обидат да ги намалат тензиите околу Украина

Олаф Шолц канцелар на Германија/ EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

Високи германски и руски претставници ќе се сретнат следниот месец во обид да ги намалат тензиите околу Украина, јавија западни медиуми цитирајќи извор од германската влада.

Советникот на германскиот канцелар Олаф Шолц за надворешна политика, Јенс Плотнер и рускиот преговарач за Украина, Дмитриј Козак се договориле да се сретнат по телефонскиот разговор одржан во четвртокот, изјавија извори кои побарале да останат анонимни.

Берлин изрази повеќе сомнежи отколку Вашингтон дека Русија навистина планира да ја нападне Украина и сака да ги деескалира тензиите, изјавија два владини извора.

„Целта на германската страна останува да се постигне брзо реактивирање на Норманскиот формат “, изјави извор од германската влада.

Откако ја презеде функцијата овој месец, Шолц ја нагласи потребата од дијалог со Русија, но исто така им се придружи на западните сојузници во предупредувањето за можни санкции против Москва во случај на инвазија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот