Висок, слаб, пукал и мирно си заминал: Убиец застрела балкански криминалец на улица во Барселона
Маж од црногорска националност починал денеска откако бил застрелан најмалку трипати во градите, од човек кој потоа мирно продолжил да пешачи. Ова убиство, трето во последните неколку часа во Каталонија, се случило околу четири часот попладне, сред бел ден, на улицата Флеминг, покрај контејнер за ѓубре, објавува шпанскиот портал Ла Вангардија.
Препорачано
Црногорската полиција, заедно со своите колеги од Шпанија, проверува дали М.М. од Подгорица е убиен во Барселона, изјавија за „Вијести“ неколку извори од безбедносниот сектор. Според истите информации, тој е наводен член на криминалниот шкаљарски клан.
Истрагата ја презеде единицата за убиства на Полициската дирекција на Јужниот метрополитен регион на каталонската полиција (Mossos d’Esquadra). Врз основа на сведочењето на првите сведоци, кои ја опишаа ладнокрвноста на напаѓачот, како и некои првични информации за жртвата, полицијата дојде до хипотезата дека станува збор за егзекуција поврзана со трговијата со марихуана. Сепак, прерано е да се извлечат конечни заклучоци.
Еден од сведоците изјави дека видел маж „облечен во црно, многу висок и слаб“ како се приближува кон жртвата и пука неколку пати во градите, по што го напуштил местото на настанот во правец на блискиот парк, без брзање, одејќи мирно.
Неколку лица се јавиле на бројот за итни случаи 112, а по пристигнувањето на првата екипа за итни случаи, се обиделе да ја стабилизираат жртвата за да може да биде пренесена во болница, но човекот починал на лице место.
Мосос д’Есквадра ја известила општинската полиција на Кастелдефелс и соседните општини да воспостават контроли на главните излези од градот.
Овој викенд еден маж беше смртно избоден пред музички бар во Молинс де Реј, додека во Тарагона се истражува смртта на маж пронајден во шумска област. Во овој втор случај, истражителите не ја исклучуваат можноста дека станува збор за несреќа предизвикана од ловечко оружје, пишува Ла Вангуардија.


