Бил и Хилари Клинтон на пешачки премин во Њујорк /Фото: Икс / скриншот

ВИДЕО | Бил Клинтон ја турка Хилари на пешачки премин во Њујорк

На интернет во САД кружи видео кое прикажува незгоден момент помеѓу поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга, поранешната државна секретарка Хилари, на прометен пешачки премин во Њујорк, пренесува Фокс њуз.

Инцидентот се случил во вторникот, додека двојката се враќала од настан и посета на нивната ќерка, Челси.

Контроверзното видео го прикажува поранешниот претседател како се смее додека ја турка сопругата на соседниот пешачки премин, во очигледен обид за преминување на улица, пред да го вклучи семафорот.

Хилари Клинтон веднаш реагираше, повлекувајќи се и кревајќи ги рацете за да го запре, додека можеше да се чуе како постојано вели: „Не, не, немој да го правиш тоа“.

Поранешниот претседател духовите одговори дека „тоа не е добра идеја“, а двојката конечно ја премина улицата неколку секунди подоцна, кога се вклучи светлото за пешаци.

Хилари Клинтон на сведочењето пред Конгресот: Никогаш не сум го сретнала Епстин во животот, што не го распрашате Трамп вака под заклетва?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот