Виница: Товарно возило удри во две лица, почина 47-годишна жена

Вчера во текот на попладневните часови  кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се придвижило и удрило во две лица.

Притоа, од здобиените повреди на местото починала 47-годишна струмичанка, додека едно машко лице било пренесено во Медицинскиот центар Кочани за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица Виница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот