Виландер: Ѓоковиќ е фаворит во финалето, но сервисот на Кирјос е можеби најдобар

Ник Кирјос и Новак Ѓоковиќ ќе играат за титулата на „Вимблдон/Фото: EPA/LARRY W. SMITH/ЕPA/DANIEL MURPH

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос в недела (15.00 часот) ќе играат во големото финале на грен слем турнирот „Вимблдон“ во Лондон.

Србинот има шанса да го освои седмиот трофеј на „Вимблдон“, четврти по ред, додека ова е прво Грен слем финале во кариерата за Австралиецот.

Шведската легенда и воедно стручен аналитичар, Матс Виландер никогаш не освоил титула на лондонската трева, но многу добро знае што ги чека сите љубители на тенисот.

– Очигледно Новак Ѓоковиќ е фаворит на хартија, но сервисот на Ник Кирјос е можеби најдобар од времето на Пит Сампрас. Тешко е да се разбере како Новак ќе ги врати повеќето од тие сервиси во игра, но повторно, тоа е Новак Ѓоковиќ – вели Виландер.

Швеѓанецот смета дека многу зависи од тој почетен елемент кај Кирјос.

– Се некако зависи од тоа како ќе сервира Кирјос, доколку има одличен ден, има шанси. Ќе му биде многу тешко да се справи од основната линија. Да, Новак Ѓоковиќ е фаворит, но сите сакаат Кирјос да игра добро за да имаме одлично финале на „Вимблдон“ – се зборовите на Виландер.

Новак: Ќе биде интересно во финалето, односот со Кирјос сè уште не би го нарекол „романса“

Кирјос: Никогаш повеќе нема да видиме тенисери како Рожер, Рафа и Новак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот