Новак: Ќе биде интересно во финалето, односот со Кирјос сè уште не би го нарекол „романса“

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Новак Ѓоковиќ в недела ќе игра во финалето на Вимблдон против Ник Кирјос откако во поуфиналето во четири сета го совлада Камерон Нори. Србинот ќе игра за седмиот трофеј на Вимблдон, додека Кирјос за прв пат ќе игра во гренд слем финале.

Ѓоковиќ има голем респект за противникот во финалето кој игра одлично на Вимблдон иако во полуфиналето не одигра ниту еден гем бидејќи Рафаел Надал го предаде мечот поради повреда на стомачниот мускул.

– Се чини дека Кирјиос не чувствува притисок кога игра. Тој игра моќно, има силни удари и секогаш играше најдобро против најдобрите. Знаеме за што е способен и затоа сите го почитуваме. Ќе биде интересен дуел в недела. Неговиот пласман во финалето можеби претставува некакво изненадување поради неговиот рејтинг, но од друга страна и не е изнедување. Ние играчите знаеме колку Ник може да биде опасен, игра со голема самодоверба. Сега изгледа дека созреа, ментално е посилен од порано – рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ откри дека го почитува Кирјос поради тоа што тенисерот застана на негова страна кога Србинот беше депортиран од Австралија на почетокот од годината.

– Сè уште не би го нарекол нашиот однос „романса“, но имаме сè подобар однос. Тој ме поддржа во Австралија кога ми беше најтешко и тоа го почитувам – додаде Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот