Виландер: Ако некој може да го победи Надал на Ролан Гарос, тоа е Ѓоковиќ!

Рафаел Надал на некој начин му е жал за Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Во среда ќе се одиграат уште два четвртфинални мечеви кај мажите на грен слем турнирот во Париз, Рафаел Надал ќе се соочи со Диего Шварцман, а Новак Ѓоковиќ за ривал го има Матео Беретини.

Победниците од тие дуели силите ќе ги одмерат во полуфиналето, а сите предвидуваат нова епска битка помеѓу „кралот на земјата“ Надал и првиот светски рекет Ѓоковиќ.

Легендарниот Матс Виландер го коментираше потенцијалниот нов дуел помеѓу шпанскиот и српскиот ас. Доколку двајцата триумфираат во своите мечеви, ќе се сретнат по 58 пат.

Ѓоковиќ води со 29:28 во меѓусебните пресметки, а на грен слем турнирите Рафа е во предност од 10:6, а на „Ролан Гарос“ Шпанецот има убедливи 7:1.

– Мислам дека е можно да се победи Надал, не сигурно, но Новак може да го победи. Тешко е за сите други. Мислам дека условите како брзината и сувоста беа совршени за Рафа, но мислам дека Новак всушност има поголема шанса, бидејќи неговиот сервис станува „оружје“. Во минатото, мислевме дека Новак има поголема шанса доколку условите се тешки, но тоа се должи на прилагодувањето на Рафа од брза подлога еден ден на побавна следниот ден. Неговото прилагодување беше исто така поголемо од она на Новак, но видовме во септември дека на Рафа не му е грижа какви се условите, доколку има време да се подготви. Значи, мислам дека е добро за Новак. Може ли да го победи? Секако, доколку верува во тоа. Мислам дека финалето од минатата година нема да има влијание – вели Виландер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот