Вил Смит стави крај на гласините: Никогаш немало неверство во нашиот брак со Џејд

вил смит
Вил Смит и неговата сопруга Џејд / Фото: EFE/DAVID SWANSON

Во едно неодамнешно интервју, Вил Смит го коментираше својот брак и бројните гласини за неверствa кои со години кружат. „Џејд и јас зборуваме за сè“, категорично изјави актерот, тврдејќи дека никогаш немало неверство во нивниот брак.

За време на интервјуто во емисијата „Sunday Morning“ на „CBS“, 53-годишниот актер номиниран за Оскар за улогата во филмот „King Richard“, ги негираше сите гласини за можно неверство во бракот со Џејд Пинкет Смит.

„Никогаш немало неверство во нашиот брак. Никогаш“, рече Вил, додавајќи, „Џејд и јас разговараме за сè и никогаш не сме се изненадиле со такво нешто“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

„Сфатив дека некому може да му биде корисно да зборувам за мојот приватен живот. Мислам дека таков разговор е вовед во вистински, длабок разговор и можност за вистинско истражување дали некои работи во твоето срце се добри или отровни“, додаде добитникот на наградата САГ.

Вил, кој претходно беше во брак со Шери Зампино од 1992 до 1995 година, почна да се забавува со Џејд во 1995 година. Тие се венчаа на 31 декември 1997 година, додека таа беше бремена со нивното прво дете. Тие денес го имаат 23-годишниот син Џејден Смит и 21-годишната ќерка Вилоу Смит. Вил е татко и на 29-годишниот Треј Смит, кој го доби во првиот брак со Шери Зампинo.

Вил и Џејда Пинкет Смит
Вил и Џејда Пинкет Смит/Фото: Profimedia

Во јули 2020 година, Џејд прозборе за нејзината врска со пејачот Аугуст Алсин со кого се зближила додека врската со Вил им била „на пауза“. Тогаш објасни дека таа и Вил конечно успеале да ја поправат својата врска.

„Навистина стигнавме до тоа ново место на безусловна љубов“, во тоа време изјави таа.

Во меѓувреме, Вил, промовирајќи ги своите мемоари минатата година, за „GQ“ изјави дека Џејд никогаш не верувала во
конвенционален брак.

„Џејд имаше членови од фамилијата кои имале неконвенционален однос. Знали, таа пораснала на многу поразличен начин од начинот на кој пораснав јас“, рече Вил во ноември 2021 година. „Имавме значајни и долги дебати за тоа што е совршенство во врската, што е совршен начин за интеракција на еден пар. Во поголемиот дел од нашата врска, моногамијата беше она што го избравме…“, додаде Вил во тоа време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ❤️ Lovers (@lovers.rs)

„Си дадовме доверба и слобода еден на друг, со помислата дека секој мора да си го најде својот пат. А бракот за нас не може да биде затвор. И никому не го предлагам нашиот пат. Овој пат никому не го предлагам. Но, искуството на слободата и безусловната поддршка што си ги дадовме еден на друг за мене е најголемата дефиниција за љубовта“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот