Викендов 41 казна за мотоциклисти во Тетово

Полициски службеници од тетовската полиција викедов спровеле акција во која биле опфатени мотоциклисти. Во акцијата казнети се 41 моторџија, информираат од канцеларијата за односи со јавност при СВР Тетово.

– При контролата вкупно се откриени 44 прекршоци од кои 12 за не носење на заштитна кацига, 19 за управување без возачка дозвола, осум за истечена регистрација и пет за измината осигурителна полиса – изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На еден од мотоциклистите му е одземена возачката дозвола, а четворица се писмено опоменати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот