Видни европски професори во потрага по решение за културниот македонско-бугарски спор

Колаж: „Слободен печат“
Во потрага по решение за културниот судир меѓу македонската и бугарската држава, како и нивните општества, кој резултираше со блокада на следниот чекор на пристапување на Македонија кон Европската унија, се вклучува Институтот за општествени и хуманистички науки, заедно со научници и јавни интелектуалци од Бугарија, Грција, Чешка, Унгарија, Словачка и Полска преку научно-истражувачки и застапувачки проект.
„Ваквиот потег ја засегна европската иднина и на остатокот од регионот кој настојува да ѝ пристапи на Унијата. Решението кое настојуваме да го најдеме е двојно: нов епистемолошки приод кон прашањето кое е од мултидисциплинарна природа, значи – академско решение, како и решение во смисла на политики (policy) кое може да се применат за надминување на судирот (во смисла на културен конфликт). Напоредно со ова, проектот ќе настојува да го отвори дискурсот за надминување на табуа, преиспитување на закостени национални митови од двете страни на границата, идентификација на културниот конфликт. Овој конфликт неретко се нарекува и етно-национален, но тој, сепак, се сведува на културен бидејќи е идентитетски и ја засега т.н. културна интима. Затоа, надоврзувајќи се на компаративни искуства како оние на Чешка и Словачка, Полска и Германија но секако и македонско-грчкиот судир на култури и наративи на градење нација, учесниците во проектот ќе настојуваат, по пат на жива медиумска расправа,  да создадат дискурс на взаемна доверба кој ќе помогне во надминувањето на конфликтот“, стои во соопштението на Институтот.

Учесници во проектот се професорите, научни работници, но и активисти и јавни интелектуалци како: Стефан Дечев, Љупчо Петковски, Димитар Бечев, Катерина Колозова, истражувачи на институтот Никос Пуланзас од Атина (и/или Пантеон универзитетот), Михал Вит, Спасимир Домараџки, Габор Еги, Магда Јакубовска и други.

Проектните активности, во различни делови, се поддржани од Вишеградскиот фонд и Балкански траст за демократија-Маршаловиот фонд (Balkan Trust for Democracy – German Marshall Fund of the US, Belgrade).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот