ВИДЕО|Затворен е патот во Грција кон границата со Македонија заради тешка сообрајќа со тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Северна Македонија, при судир на туристички автобус од Србија со две возила, а патот од 6.30 часот утрово е затворен за сообраќај, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката државна телевизија ЕРТ се случил директен судир на двокатен туристички автобус со 78 туристи од Србија со автомобил, при што загинале тројца од четворицата патници во возилото, а повредени се околу 45 српски туристи, од кои петмина сериозно.

По директниот судир автобусот се превртел, а во сообраќајката бил вклучен и втор автомобил, најверојатно со српски регистарски таблички, кој удрил во возилото, без да бидат повредени патниците.

По сообраќајната несреќа, автопатот од границата со Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваат кон стариот пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот