ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Забрчанец: Македонската влада покажа дека има капацитет да ги спроведува мерките од Отворен Балкан

Марјан Забрчанец/Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Се работи на суштински „уан стоп шоп“ на Кафасан и Табановце. За зелените ленти стигнуваат пофалби, но и критики кои се добредојдени за решавање на работите во од

Единствениот пазар на труд е последната придобивка од Отворен Балкан, иницијатива за која има голема политичка волја и интерес на граѓаните од сите три земји. Од вчера државјаните на трите земји може да издадат Идентификациски број за Отворен Балкан. Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, кој гостуваше во утринската програма на „Слободен печат“ вели дека единствениот пазар на труд е европска пракса во духот на слободното движење на луѓе и производи.
Постапката да се биде дел од единствениот пазар на труд е едноставна и за најмногу 30 дена, колку што трае периодот на безбедносните проверки државјанин од една од трите земји моѓе да работи во друга според националното законодавство што важи за домашните работници.

ВИДЕО| Забрчанец: За работниците од Отворен Балкан важат националните законодавства

 

Забрчанец рече дека преку иницијативата Отворен Балкан досега се спроведени десетина мерки – заедничко помагање меѓу трите држави во услови на несреќи и катастрофи, како што беше пред неколку лета кога имавме пожари и имавме интервентна помош со српски хеликоптери, потоа меѓусебно помагање со струја и храна во време на кризата, имаме зелени ленти на Ќафасан и Табановце за брз проток на транспортери со цел побрз увоз и извоз, функционира електронската патарина, со еден уред М- таг се поминува и низ Македонија и низ Србија, има многу бенифиции и во делот на туризмот со тоа што се промовираат заеднички тури како претставување на регионот, има одлична промоција на македонското вино во рамките на Отворен Балкан.

Забрчанец откри дека и Грција пројавила интерес бесконтактниот уред М-таг да функционира и кај нив, а во врска со критиките на транспортерите за протокот на стоки и услуги , тој вели дека до нив стигнале и пофалби, а критиките се добредојдени и ова е процес во кој постојано ќе има подобрувања.

– За да функционира Иницијативата Отворен Балкан има три услови: политичка волја, поддршка од граѓаните и спроведувањее на договореното од институции. Мислам дека македонската влада покажа дека има капацитет да ги спроведува мерките од Отворен Балкан – рече Забрчанец.

Тој најави дека наскоро ќе имаме суштински „уан стоп шоп“ и на Табановце и на Ќафасан.

– Таму има две куќарки кои се приближени, но не застанувате на двете различни граници. Кога влегувате во Србија застанувате само на српска страна и обратно. Постои јасен договор меѓу македонската и српската полиција и во моментов се работи на тоа. Мислам дека после изборите, секако ако и понатаму постои политичка волја и од двете страни, ќе дојде до суштински „Уан стоп шоп“ – вели Забрчанец.

Забрчанец вели дека она што е најважно е регионално да се поврзуваме. Притоа, напоменува дека Отворен Балкан е само една иницијатива, а ги има многу и од сите нив е важно да доаѓаат придобивки за народот.

Целото ВИДЕОИНТЕРВЈУ погледајте го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот