ВИДЕО| Забрчанец: За работниците од Отворен Балкан важат националните законодавства

Марјан Забрчанец/Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Штом се склучи договор со работодавачот, од тука натаму продолжуваат да важат сите стандарди по однос на работнички права, пензиско, здравствено осигурување, согласно националното законодавство , вели националниот координатор за Отворен Балкан

Откако ќе добие Идентификационен број за Отворен Балкан еден државјанин на Србија, Македонија, или Црна Гора може да ја продолжи процедурата во земјата во која ќе сака да работи. Постапката е брза, а единствена „пауза“ има додека се чека безбедносната проверка, затоа што сепак, странски државјанин дошол на работа, а таа процедура е најмногу 30 дена, објасни за „Слободен печат“, Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи. Но, како што објасни тој, потоа самото вработување и работниот однос е како за домашни работници.

– Штом се склучи договор со работодавачот, од тука натаму продолжуваат да важат сите стандарди по однос на работнички права, пензиско, здравствено осигурување, согласно националното законодавство – вели Забрчанец.

Тој практично објасни како функционира идентификувањето во рамките на единствениот пазар на труд на трите земји.

– Ќе ја поминам постпаката низ пример со граѓанин од Врање, кој слушнал дека овде има потреба од работа во кумановска компанија која отвора 100 нови работни места и сака да аплицира за работа таму. Најпрвин, тој граѓани на Врање оди на српската Е-управа, тоа што е кај нас Е-услуги, вади Идентификациски број за Отворен Балкан за една минута, потоа со тоа бројче се логира во нашиот софтвер за е-услуги и аплицира за сертификат за слободен пристап на македонскиот пазар на труд. Тука има еден чекор што подразбира чекање малку – проверка од безбедносен аспект, македонското МВР го проверува тој апликант низ стандардна безбедносна постапка – вели Забрчанец.

Од вчера во трите држави од Отворен Балкан почна да функционира единствениот пазар на труд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот