ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Исламските револуции ги вратија некои земји назад, девојчињата немаат право на образование

Жанета Скерлев/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Меѓународниот ден на жената 8 Март се одбележува веќе 113 години. За време на овој период во многу земји жените се избориле за своите права, во Македонија последните статистички податоци (Државен завод за статистика) покажуваат дека состојбите се многу подобри од порано, но жените се уште не се еднакви во одредени сфери во животот со мажите, ретко се застапени на раководните позиции и се раритет во некои професии.

– Борбата за еднаквост на жените продолжува, бидејќи ако во некои земји родовиот јаз се изедначува, во други земји исламските револуции ги вратија назад, па некои девојчиња денес немаат право на образование – вели за „Слободен печат“, Жанета Скерлев.

Во Англија овој ден се одбележува како Ден на жената, предвидени се многу настани и манифестации.

-На програмата има бројни настани за денеска на кои ќе се зборува за правата на жената, за тоа како жените успеале да се изборат за право на глас, за еднакви статуси, за еднакви плати, но борбата не е завршена. Јаа се сеќавам дека пред само неколку години мои колешки од Би-Би-Си се бореа да ги изедначат платите за иста работа, за исто работно место со мажите, бидејќи земаа помала плата за иста функција – вели Скерлев.

Таа додава и за тоа дека жените и во современото општество во некои земји немаат право на глас, нема право да излезе од дома, ако не е покриена.
Во разговорот направивме паралела за тоа на кој начин се одбележуваат Светските денови во Англија, а како и колку им се придава важност на овие датуми во Македонија.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот