ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Самохраните родители станаа повидливи во Законот, вели Станиша Станковиќ

Станиша Станковиќ/ фото: Слободен печат

Во Македонија околу 26.000 мајки живеат сами со своите деца и околу 9.000 татковци се самохрани родители. Условите за живот на самохраните семејства се подобруваат низ годините, но потребни се уште влијанија за полесно секојдневие. Македонија неодамна беше дел од Меѓународната конференција за самохрани родители во Будимпешта. Како прва и единствена држава од регионот, Македонија за првпат делува на оваа тема на едно повисоко политичко ниво. Наш претставник на конференцијата во Унгарија беше Станиша Станковиќ, член на организацијата Млади од семејна разновидност. Тој е дете на самохран родител.

-Во Македонија најголемиот проблем е алиментацискиот фонд. Нашата организација, јас како врснички едукатор и младинскиот тим работиме на тоа алиментацискиот фонд да се најде на високополитичката агенда на нашите политичари. Дополнително, самохраните родители веќе се видливи во Законот и во одредени стратегии коишто државата ги презема за маргинализираните групи на граѓани. Таа една точка во тие документи значи многу, видливоста за разлика од порано е покренета на едно повисоко ниво. Тоа ни помага поедноставно и многу поаргументирано да застануваме пред самите институции и во Македонија, но и на Балканот – рече за „Слободен печат“ Станковиќ.

Според Станковиќ, Хрватска и Црна Гора се земји од регионот кои би биле добар пример за тоа како треба да се регулира оваа проблематика.

Црна Гора пред три години го воведе алиментацискиот фонд, но оваа година драстично го подобри. Ние имаме замисла на два начина. Првиот начин е да се исплаќа алиментација во случаи на оние деца каде што другиот родител којшто има обврска да исплаќа алиментација, доцни од еден до два месеци. Во тој случај државата да интервенира. Другиот начин се однесува на оние млади кои немаат право на семејна пензија, а се без еден родител. Во конкретен случај, Црна Гора претставува одличен пример којшто треба да се земе предвид. Кај нив во многу краток период, тие деца добиваат финансиска поддршка која им е потребна, а родителот подоцна ја исплаќа алиментацијата – објаснува нашиот соговорник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот