Тиана Иванова - Психотерапевт - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Тиана Иванова - Психотерапевт - Фото Слободен печат / Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Малку психолози на терен со настраданите од пожарот во Кочани, вели Ивановска од „Себесложувалка“

По трагедијата во Кочани во првите редови за прва помош се активирани група од психолози кои се од првиот момент се помеѓу настраданите семејства од пожарот, но и за целокупното население кое чувствува потреба од психолошка помош. Тие беа присутни уште во првите моменти на несреќата со пункт пред болниците, а веќе следниот ден тим од психолози отпатува во Кочани за да ја пружа потребната помош се работи за систематизирана метода во организација на Комората на психолози и Црвениот крст, вели за „Слободен печат“ Тиана Ивановска, лиценциран психолог и психотерапевт од „Себесложувалка“, потпретседател во телото за интервенција во криза при Комората.

-Постојано се движиме во тим, интервенираме во тим и на некој начин тоа претставува една амортизација на сè она коешто го носиме при тие теренски присуства. Но, сепак, ситуацијата во Кочани е траорна, сега е премногу рано да се зборува за што било. Важно е да сме таму, доволно е да сме присутни и да сослушаме, бидејќи овие средби со нас не се класична средба со психолог. Се обидуваме да пристапиме до луѓето ненаметливо, да се обидеме да поразговараме со нив без никаков притисок. Ние не одиме и не им викаме: „Здраво јас сум психолог“. Ова се тешки моменти, доволно е човек да биде присутен само и да слуша – вели Ивановска.

Овој тип на метода не е психотерапија

-Нашиот пристап со луѓето таму нема врска со психотерапија, но нема врска ниту со психолошко советување, затоа што вие не можете да советувате некој којшто се наоѓа во криза или во шок. Овој тип на метода не опфаќа длабински влегување во некаков процес. Фокусирани сме на едно заземјување, на вракјање во реалноста на човекот којшто се наогеа во криза. Проверка дали се задоволени тие базични потреби. Значи, дали на човекот му е потребна вода, храна, дали ја примиле терапијата, ако претходно пиеле некоја хронична терапија, дали прават контакт со нас, значи, дали не гледа, дали има реакција, дали реагираат на нашиот глас. Се сведува на едно присуство коешто на секој човек му е потребно, кога се наоѓа во криза – вели Ивановска.

Тиана Иванова - Психотерапевт - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Тиана Иванова – Психотерапевт – Фото Слободен печат / Методи Здравев

Оваа метода има неограничен пристап, како што вели Ивановска. Секој човек може да се приклучи и да волонтира за да помогне, не мора да е психолог.

 

-На овие луѓе им е потребно присуство од човек, не поддршка од тастатурите. Затоа јас ги повикувам и колегите психолози, но и сите коишто можат да појдат да испијат чај со нив, да поразговараат. Кочани деновиве не смее да остане празно – рече нашата соговорничка.

Ивановска појаснува дека кризната состојба не е непознат терен за нив како психолози.

-Претходно сме интервенирале на неколку наврати во периодот на поплавите исто така во кочанскиот предел имавме интервенции во Делчево, во Кочани. Интервениравме и кога беше бегалската криза со мигрантите од Кабул и на многу наврати, кога имало елементарна непогода или некаква катастрофа во нашата околина – вели таа.

Во Македонија има над 500 лиценцирани психолози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот