ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Проф. Дујовски: Промена на преговарачката рамка не само што не е можно, туку е во сферата на научна фантастика

Никола Дујовски/слободен печат/ фото Методи Здравев

Македонија е дел од западниот свет, Македонија гради политики кон западниот свет и ми се чини дека поминавме толку многу, претрпевме толку многу, за сега да се сопнеме на едно бенингно прашање, прашање што во јавноста се презентира како бугарски диктат, а едноставно е прашање помеѓу Македонија и Европа, истакна во студио на „Слободен печат“, професорот и декан на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски.

„Одговорот на ова прашање за уставните измени, ниту е во Скопје, ниту е во Софија, туку е во Брисел. Секој што мисли дека може да седне со Бугарија и да договори нешто друго, треба да оди во Брисел и со уште 26 други држави да преговара за промена на преговарачката рамка“, посочи Дујовски.

Според него воопшто нема никава шанса таквата преговарачка рамка да се промени.

„Таа преговарачка рамка, ни се допаѓала нам или не, таа е таа. Граѓаните мора да знаат дека промена на таквата рамка за нас, не да не е можно, тоа е во сферата на фантастиката, не постои такво нешто“ заклучи Дујовски.

Целото интервју со проф.Д-р Никола Дујовски погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот