Катерина Трпковска - Дизајнер - Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Катерина Трпковска - Дизајнер - Фото - Слободен печат - Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Катерина Трпковска: Мебелот треба да е автентичен, но најважно е да биде корисен

Катерина Трпковска е млада и талентирана дизајнерка од Скопје, која својот интерес кон уредување простори го претвори во професионална кариера. Родена во јули 1988 година, Катерина е дипломиран дизајнер на ентериер, а денес работи во областа на продукт дизајнот. Таа е основач на брендот „Ринока“, кој се издвојува по креации што спојуваат естетика, функционалност и одржливост.

Во интервју за „Слободен печат“ зборуваме за нејзиниот пат од љубовта кон ентериерот до создавање уникатни парчиња мебел, за предизвиците да се гради кариера во земја каде што индустријата за дизајн допрва се развива, за инспирацијата зад нејзините најпознати дела, како и за улогата на одржливите материјали и локалната продукција во современиот дизајн. Катерина открива и какви се нејзините планови за иднината, како ја гледа улогата на дизајнерот во општеството и зошто верува дека добриот дизајн е „одговорност, а не само естетика“.

– Преку практиката се стекнува искуство, така се стигнува до фаза каде што го слушаш клиентот, а тој ти кажува што сака. Многу е важно да научиш да слушаш. Со искуството што го имам, можам да направам нешто што јас мислам дека е правилно, ги исполнува неговите желби, но сепак не е целосно како што мисли клиентот, бидејќи тој не е дизајнер и нема такво искуство. Треба да биде и тој задоволен, меѓутоа да има некаква автентичност, нешто што јас мислам дека нему ќе му користи најдобро – вели Трпковска.

На прашањето што ѝ било најважно кога го создавала брендот „Ринока“, дали тоа била формата, функцијата или чувството што го буди мебелот, Катерина вели дека најголема улога во нејзините дизајнерски парчиња играла функционалноста.

– „Ринока“ ја создадов во период кога не знаев што точно сакам. Фирмата е формирана пред пет години, а почетоците се многу пред тоа, кога по факултетот работев во некои фирми како продавница за продажба на материјали, за ентериери, недвижности, каде сум имала можност да направам ентериер за некоја недвижност. Потоа отидов во Катар, каде што го стекнав клучното искуство, односно сфатив што сакам во животот. Кога решив да го направам брендот, тоа беше момент кога си реков дека ова што се случува во нашата држава не е правилно, затоа што немаме автентични производи. Имаме производство, меѓутоа, немаме автентичност, немаме дизајн. Јас како дизајнер немав можност да работам во државата и затоа бев принудена да почнам со производство. Така почнав со неколку ламби. Првичната идеја беше да се направи нешто автентично, квалитетно, нешто што ќе го оправда поимот дизајн. Најмалку важна беше естетиката, сакав да создадам предмети што ќе траат, кои ќе бидат безвременски, кои ќе се продаваат и после 10 години. Тоа беше првичната и основна идеја – вели Катерина.

Катерина Трпковска „Ринока“ – Фото: Приватна архива
Катерина Трпковска „Ринока“ – Фото: Приватна архива
Катерина Трпковска „Ринока“ – Фото: Приватна архива
Катерина Трпковска „Ринока“ – Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот