ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Дујовски: Македонските безбедносни служби се градени по теркот на европските, а не на руските служби
Во нашата армија и полиција немаме инвестирано речиси ништо што доаѓа или е поврзано со руската култура, руската традиција, со нивното уредување на нивните безбедносни служби и слично, нашите безбедносни служби се градени по теркот на европските безбедносни служби, нагласи во интервју за „Слободен печат“ Никола Дујовски декан на Факултетот за безбедност.
Препорачано
„Ние сме членка на НАТО, разменуваме информации со Алијнсата на дневна основа и тоа се стотици информации, а добар дел од нив се и касифицирани“ посочи тој.
Дујовски потсети дека Русија ја нападна Украина на конвенционален начин но и на неконвенционален начин, преку хибридни напади и дезинформации ја нападна цела Европа, додавајќи дека единствен начин за одбрана од таквите напади е брзо и ефикасно презентирање на вистината.
„Кај нас ние се соочуваме со дезинформации кои се подготвуваат и одат во интерес на интересите на Русија. Ние не научивме дека најдобар начин да се бориме со таквите дезинформации е единствено преку презентирање на вистината. Брза и квалитетно изнесена информација може многу да помогне во разбивање на дезинформациите, посебно кај луѓето кои повеќе ги следат настаните“, посочи Дујовски.
Целото интервју со проф. д-р Никола Дујовски погледнете го во продолжение:


