ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Дарко Каевски: Мицкоски си го билда егото со прогнозите за победа со 61 пратеник

Дарко Каевски/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски е убеден дека кандидатот на проевропскиот фронт на СДСМ-ДУИ ќе победи на претседателските избори. Како што вели тој ВМРО-ДПМНЕ со анкетите и прогнозите за освојување на висок број на пратенички места се прават единствено за билдање на внатрепартиското расположение и егото на лидерот Христијан Мицкоски. На прашањето дали ќе излезат со консензуален кандидат, Каевски не одговори конкретно, посочувајќи дека се прават анализи и врз основа на тие, ќе излезат со името на кандидатот.

– Како што ѝ личи на една демократска и најголема партија во државата, ќе излеземе во јавноста и ќе ги соопштиме нашите видувања, кои се пред сè, видувања на граѓаните, кажа Каевски во емисијата на „Слободен печат“.

Околу тоа дали ДУИ размислува да излезе со свој кандидат за претседател на државата во првиот круг од изборите, Каевски вели дека секоја партија си носи одлуки и секоја партија си има своја одговорност.

– Разговорите се во тек со сите партии кои се дел од владејачкото мнозинство. За кратко време ќе ги имаме сите информации, додаде Каевски.

До крајот на месецов и почетокот на март, СДСМ ќе ги има носителите на изборните листи, обелодени портпаролот на партијата.

– Засега сè уште е рано да ги објавуваме кандидатите на листите кои ќе бидат застапени од нашата партија во изборните единици. Тоа е така бидејќи сè уште се прават сондажи и анализи и врз основа на тоа и согласно со тоа ќе излеземе со програмски односно кадровски листи – посочи Каевски.

За последните анкети и рејтинзите меѓу граѓаните, Каевски вели дека најдобрата анкета ќе биде на денот на изборите.

– Видовме организации кои прават анкети, кои што во 2020 година типуваа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победник на парламентарните избори и дека Силјановска-Давкова ќе биде претседател во 2019 година. Ние сме убедени во делот на мандатот и победата. Патот кој што го трасираме е вистинскиот, со сите маани и недоследности што сме ги имале. Чесно е да се каже и дека за одредени работи имаме одредени слабости, подвлекува пратеникот.

Тој во однос на тоа колку СДСМ е здружена внатре во партијата во пресрет на изборите истакна дека партијата како никогаш досега е обединета и таа без разлика кој кандидат за претседател ќе биде претставен во јавноста тој според него ќе биде победникот на претстојните избори. Ова како што го посочи Каевски го говори од искуството научено од претходните избори каде што Стево Пендаровски беше кандидат на СДСМ и секако тој победи на изборите.

– Затоа потенцирам без разлика со кој кандидат ќе излеземе на трката за иден шеф на државата убеден сум дека тој ќе работи во интерес на државата и граѓаните – истакна Каевски.

Повеќе од интервјуто со пратеникот Дарко Каевски погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот