Душан Булут / Фото: принтскрин

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Душан Булут: Ред Бул Халф Корт е врвот на 3х3 кошарката

„Слободен печат“, во соработка со Ред Бул Македонија, реализираше ексклузивно интервју со едно од најголемите имиња во светот на 3х3 кошарката – Душан Домовиќ Булут. Интервјуто го снимивме на спектакуларните кошаркарски терени во Дубаи, за време на светското финале на Red Bull Half Court.

Булут, познат и како Mr. Bulutproof, важи за еден од најдобрите и најкреативни 3х3 кошаркари на сите времиња.

Покрај светските ѕвезди и екипи на „Ред Бул Халф Корт“ турнирот, нашите кошаркари, браќата Амар и Елвис Хот, заедно со близнаците Паоло и Карло Блажевски, ја претставија Македонија на највисоко ниво и покажаа како се стигнува до финалето.

Душан Булут / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Со Душан поразговаравме за подготовките, адреналинот, неговите очекувања од тимовите и секако, научивме неколку трикови.

– Ова е едно од најдобрите 3х3 случувања во светот. Голема забава и одлична кошарка – вели Булут за „Слободен печат“.

Душан Булут / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тој е многу горд на нашата екипа, која ја следеше уште од националното финале. А и ние гордо може да се пофалиме дека Душан ја предвиде нашата победа.

– Бев присутен на вашето национално финале и навистина имам големи очекувања. Тимот е многу талентиран и искусен за вакви услови. Секако, секогаш има силни противници, но верувам дека Македонија може да стигне многу високо – ни рече Душан.

Македонскиот тим на светското финале Red Bull Half Court во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, на 29 ноември 2025 година. // Naim Chidiac / Red Bull Content Pool
Македонскиот тим на светското финале Red Bull Half Court во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, на 29 ноември 2025 година. // Naim Chidiac / Red Bull Content Pool

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот