
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Аврамовска – Мадиќ: Законот за рестриктивни мерки е барање на граѓаните во борба со корупцијата
За да стaнеме дел од ЕУ еден од условите е владеење на правото и борба против корупција. Токму овие рестриктивни мерки што се предлагаат сега се дел од борба против корупцијата, вели заменик министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ во интервју во утринската програма „Слободен печат“.
Препорачано
-Овој закон, за рестриктивни мерки ќе помогне што побргу процесот да се одвива, бидејќи граѓаните тоа го очекуваат цело време од нас. Ниту Владата ниту било кој друг освен граѓаните не кажуваат дека довербата во судството е нарушена и дека борба против корупција нема, вели Аврамовска Мадиќ.
„Кај нас не беше тоа регулирано и процесуирано во еден одреден закон. САД како стратешки партнер на Република Северна Македонија става физички или правни лица на таа листа во оној момент со нивна процедура во нивната држава со доволен број на докази и кога таа листа ќе се најде кај нас мораше да се најде соодветен начин како државата да постапи и како да се бори против тие одредени субјекти за побргу да продолжи борбата против корупција“, вели заменик министерката за правда.
Аврамовска-Мадиќ смета дека ние имаме законски добри решенија во државата, иако имплементацијата може е намалена, меѓутоа извршната власт е таа која треба да донесе еден тип на законски норми кои ќе ги убрзаат и подобрат процесите и ќе помогнат одредени вршители на јавни функции и одредени лица кои се нашле на т.н. црна листа да може да да влезат во законодавната рамка во системот.
Целото интервју со заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ погледенете го во продолжение: