Антонио Илиоски - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Антонио Илиоски - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Антонио Илиоски: Македонија го доби првиот албум произведен од звуците на виолончело

„Beyond the Silence“ е првиот албум на младиот македонски виолончелист Антонио Илиоски. Идејата за името е произлезена поради стигмата како многумина ги доживуваат музичарите зад овој инструмент.

– Постои стигма дека ние целиот живот го поминуваме во четири ѕида, сами со инструментот. И дека ни треба долго време за да стигнеме до сцените. Јас одлучив да им пркосам на овие „озборувања“ и на свои 22 години го направив овој голем чекор, Македонија го доби првиот албум произведен од звуците на виолончело. Познавачите ми кажа дека ова што го правам е реткост – вели Илиоски за „Слободен печат“.

Успеале да направат албум за два дена, што за вакви композиции, од врвните Клод Дебиси и Јоханес Брамс,  како што вели, е премалку време.

– Во светот мои колеги за да снимат албум буквално живеат, спијат во студиото или во салата каде што го снимаат по две недели, а ние имавме само два дена – открива нашиот соговорник.

Илиоски вели дека со својата музика сака да направи луѓето да заборават на лошиот ден. Според него, кај нас е многу тешко да се доближи класичната музика до младите, за разлика од Бугарија, каде што оваа година ги завршува студиите.

– Во Бугарија концертите се секојдневие, а кај нас се луксуз, тоа мора да се промени – вели тој.

Ако неговата музика беше филм, ќе беше култниот „Pulp Fiction“, замислува Илиоски кој кога свири раскажува, зборува, комуницира со публиката. Не му пречи да свири комерцијална музика, но како што вели, тогаш „не би бил свој на своето“.

Антонио Илиоски - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Антонио Илиоски – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Погледнете го целото интервју на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот