ВИДЕО+ФОТО | Нова надеж: Парализиран човек повторно оди со помош на мозочни импланти

Фото: .NeuroRestore / Ferrari / Profimedia

Герт-Јан Оскам, 40-годишен Холанѓанец, кој по несреќата додека возел точак, пред 12 години останал целосно парализиран, сега добива втора шанса и нова надеж за повторно да чекори, пишува „Би-би-си“.

Револуционерната операција, со која преку вградените мозочни импланти помагаат пациентот Оскам повторно да се движи, беше предводена од неврохирургот д-р Џоселин Блох, од Универзитетот во Лозана.

Фото: Instagram/ BBC

Имено, таа ја изврши деликатната операција во која вметнала импланти, но нагласи дека системот сè уште е во фаза на основно истражување и дека уште многу години ќе требаат за да биде достапен за сите парализирани пациенти. Овие електронски импланти во мозокот безжично ги пренесуваат мислите на пациентот, за нозете и стапалата, преку втор имплант на ‘рбетот. По само неколку недели тренинг, пациентот Оскам можел да стои и да оди со помош на ортопедско помагало. Неговото движење е бавно, но непречено, а се качува и по скали.

„Се чувствувам како мало дете, учејќи повторно да одам“, изјавил Оскам за Би-Би-Си.

Операцијата за обновување на движењето на Герт-Јан беше спроведена во јули 2021 година, каде хирургот Блох пресече две кружни дупки на секоја страна од черепот, со дијаметар од 5 см, над областите на мозокот кои го контролираат движењето. Таа, потоа вметнала два импланти во форма на диск кои безжично ги пренесуваат мозочните сигнали.

Инаку, вградените мозочни импланти се базираат на претходната работа на проф. д-р Грегори Куртин, кога само имплантот на ‘рбетниот столб се користел за да се врати движењето кај пациентите. ‘Рбетниот имплант ги засилувал слабите сигнали од мозокот до оштетениот дел од ‘рбетниот столб, а било дополнително зајакнат со однапред програмирани сигнали од компјутер.

Фото: Instagram/ BBC

Првиот пациент кој успешно бил опериран со имплант на ‘рбетниот столб е Дејвид М’Зи, со што можел нормално да го продолжи својот живот, а добил и бебе со својата сопруга, нешто што претходно не било можно. Минатата година како резултат на истата технологија, Мишел Рокати стана првиот човек со целосно отсечен ‘рбет кој повторно зачекори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот