ВИДЕО+ФОТО | Ивкова слава: Роденденот на Лила по долгото славење – заврши, а водителката на 50 години изгледаше посекси од кога било!

Фото: Принтскрин / Instagram

Вчера, нашата познатата водителката и инфлуенсерка Лила го прослави  својот роденден. За годините не се прашува една дама, а на првата роденденската торта – џиновски бургер светкаше бројот 18. Лила е полнолетна.

Први кои ја изненадија се нејзините соработници од еден познат скопски ресторан, нејзиниот менаџер Спасе и долгогодишниот пријател на водителката, новинарот Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци. Тоа беше само предроденденско изненадување за Лила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)


Роденденот на Лила продолжи и вечерта на нејзиниот ден, 15 октомври во еден скопски ресторан. во кругот на нејзините најблиски пријатели. На родендеската прослава беше присутен и нејзниот син – единец Филип кој славеше и пееше заедно со неговата мајка.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Лила како и секогаш беше совршено стилизирана. Водителката беше облечена во црн елегантен фустан со голем шлиц и интересен детаљ – големо златно срце кое наликување на брош, но беше дел од самата креација. Изгледот водителката го заокружи со едноставна фризура со влажен изглед и богато ланче – чокер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)


Официјалната роденденска торта на Лила беше украсена со многу слатки ѕвезди и овошје. Ресторанот беше декориран со многу балони и свежо цвеќе. Лила доби бројни подароци и прекрасни букети цвеќе од гостите кои присуствуваа на прославата.

Фото: Принтскрин / Instagram

15 ти Октомври…беше и остана мојот најсреќен ден, мојот роденден. Надвор беше студено и врнежливо но во мојата душа како и секогаш имаше сонце затоа што бев опкружена со драги и блиски луѓе. И ќе ме прашате сега колку години имам ?! Ги имам сите ! И сите ми требаат, секој ден и секој момент ! И сите се мои, и ни една никому не давам !!! 50 се, најубави ми се! Уште многу имам само дај боже да бидат слични на овие и само здравје да дава господ. Фала на сите што дојдоа што ми се со мене години наназад, поддршка, љубов и разбирање, стои во описот на објавата на Лила со роденденската торта.

(ВИДЕО+ФОТО) СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЛИЛА: Џиновски бургер наместо торта и 18 свеќички

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот