ВИДЕО+ФОТО: Храбри кучиња спасиле млада сурферка која почнала да се дави со разбрануваните води

Кучуња спасувачи
Фото: Instagram

Запознајте ги Игор и Луна, кучиња спасувачи од Италија, кои благодарение на нивната брза реакција спасија 15-годишна сурферка кој започнала да се дави во разбрануваните води.

Нивниот херојски чин е документиран, а видеото за кратко време стана хит на социјалните мрежи.



„Луна, млад лабрадор со медова боја на крзно, успеа прва да стигне до сурферката. Заедно со Игор, таа започна тежок маневар да се врати на брегот, а цело време сурферkata се држеla до нив. Во меѓувреме, на помош пристигнале и луѓето спасувачи и се сè завршило добро“,
напишале на фејсбук – профилот од SICS – Scuola Italiana Cani Salvataggi, италијанско училиште за обука на кучиња спасувачи.

Ова не е прв пат кучиња како нив да спасат нечиј живот.



„Италијанското училиште за обука на кучиња спасувачи е најголемата организација во светот посветена на обука на кучиња и нивните идни тренери и колеги“
, додаваат тие.

„За 25 години работење, единиците за кучиња SICS – Scuola Italiana Cani Salvataggi спасија животи на стотици луѓе“, заклучиле од здружението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот