ВИДЕОАНКЕТА | Светски ден на театарoт: Колку често одите на претстави?
На светскиот ден на театарот 27 март „Слободен печат“ ги праша граѓаните колку често одат на претстави и што значи за нив одењето во театар? Најголем дел од анкетирените не знаат дека има ваков ден, а малкумина велат дека одењето на претстави им е навика која често ја практикуваат.
Препорачано
На прашањето кога последен пат сте биле на театар скопјанка вели дека тоа било мнпгу одамна. Друга вели дека цела година не посетила ниту една театарска претстава.
-Не сум бил ниту еднаш- вели младо момче.
Кога прашавме што за нив лично значи театарот, велат дека тоа е забава.
– Приказна што се раскажува преку уметноста- вели скопјанка.
Скопјанец одговара дека театарот е убаво место каде што луѓето можат да излезат.
-Денес да кажеме малку е запоставено- вели тој.
На прашањето дали сметате дека театарот игра значајна главна улога во општеството генерално одговорите дека се дека јавните личности, уметниците, пејачите, глумците, сите тие играат играат значајна улога.
– Уметноста и науката, театарот, во склопот на уметноста треба да бидат и се свест и совест на општеството- вели скопјанка.
Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:


