ВИДЕОАНКЕТА | Што велат граѓаните: Дали храната во Македонија е безбедна?
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) неделава запленија и уништија околу 37 тони небезбедна храна – јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи, како и зачини без декларации, со истечен рок на употреба од една до две години.
Препорачано
Оваа вест предизвика револт кај потрошувачите, кои сè повеќе се прашуваат колку навистина е безбедна храната што секојдневно ја купуваат.
Прашавме неколкумина граѓани дали се плашат од небезбедна храна и дали ги проверуваат производите пред да пазаруваат?
– Се плашам, затоа што денес е опасно што било да купиш без да го провериш. Многу производи се увезуваат нелегално и стигнуваат до пазарот, луѓето ги купуваат, а тие се небезбедни за исхрана – вели една госпоѓа.
Друг соговорник додава дека потрошувачите често не се доволно информирани:
– Ние треба прво да знаеме кој производ е безбеден. Малку сме информирани. На продавниците не пишува – безбедна, небезбедна, само „купете, купете“.
Проверуваат ли граѓаните што купуваат? Дел од анкетираните велат дека се внимателни при купувањето, но ретко враќаат расипани производи.
– Да, секогаш ги проверувам датумите – вели една жена.
– Проверувам сè – датум, пакување, изглед – додава друг граѓанин.
Дали храната во Македонија е безбедна? Мислењата се поделени. Некои веруваат дека контролите се редовни, други сметаат дека системот има пропусти.
– Мислам дека има контроли, ама не за сè.
– Досега не ми се случило да купам нешто небезбедно затоа што внимавам.


