ВИДЕОАНКЕТА: Што празнувате Св. Валентин или Св. Трифун?

Ден на вљубените-анкета/Фото: Слободен печат

Ист датум два празника. Денот на вљубените и Св.Трифун, едниот традиционален, другиот „увезен“. „Слободен печат“ ги праша скопјани што ќе празнуваат денес, нашиот традиционален празник со вино и закројување на лозјата или Св. Валентин со подароци, чоколади и многу љубов.

Голем дел од анкетираните велат дека ќе го празнуваат Св.Трифун бидејќи е наш религиозен и традиционален, но не отстапуваат и од Денот на љубовта посебно ако се во романтична врска.

– Ќе го празнувам Свети Трифун, заедно со другарите и со алкохол-вели еден скопјанец.

За млада скопјанка секој ден е ден на вљубените. Постар господин вели дека го слави нашиот религиозен празник.

– Не знам, веројатно и двата празника ќе ги славам заедно-вели скопјанка.

На прашањето која им е најомилена комбинација за славење велат дека тоа е многу љубов и многу вино.

Дел од анкетираните купуваат подароци, но за дел поважно е виното.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот