ВИДЕОАНКЕТА | Дали ќе се врати ноќниот живот во Скопје по трагедијата во Кочани?
По трагичниот настан кој се случи во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, голем дел од клубовите низ македонските градови веќе не функционираат и не организираат ноќни забави. Дополнително, ретко кој од нив поседувал лиценца за работа.
Препорачано
„Слободен печат“ спроведе анкета во која ги праша граѓаните дали мислат дека ќе се врати ноќниот живот во Скопје, дали излегуваат по кафулиња и дискотеки и дали се чувствуваат сигурно да излезат во кафулиња или дискотеки.
На прашањето дали граѓаните очекуваат ноќниот живот да се врати во нормала по трагичната случка во Кочани, одговорите беа со доза на скептизицам и несигурност.
– Не мислам дека ноќниот живот ќе се врати во нормала наскоро. Мислам дека не е тоа приоритет во моментот. Има многу други поприоритетни работи што треба да се средат пред ноќниот живот – изјави една студентка.
Со оглед на тоа што во моментов не работат голем број од дискотеките во Македонија, ги прашавме граѓаните дали се чувствуваат сигурни и безбедни во кафулињата и во дискотеките?
-Се чуствува страв и несигурност. Веќе и дискотеките, дискоклубовите, ноќните клубови, местата за забави, за дружење на млади лица, не се безбедни места после настанот во Кочани – изјави една госпоѓа.


