ВИДЕО|Ахмети: Посетата на косовскиот министер за транспорт е на барање на Курти, ќе се гради пат од Тетово до Призрен
Во седиштето на ДУИ во Мала Речица денеска лидерот на партијата, Али Ахмети одржа заедничка прес-конференција со косовскиот министер за транспорт Љибурн Аљиу околу реализацијата на проектот за изградба на пат од Тетово до Призрен. Како што соопшти Ахмети, министерот е примен по официјално барање од премиерот на Косово, Албин Курти. Тој додаде дека треба да продолжи оваа комуникација и соработка бидејќи, како што рече, тоа е во интерес на двете земји.
Препорачано
-Но, да се соработува и со другите земји од регионот како што се Република Албанија, Грција, Бугарија, Србија и да се зајакне соработката меѓу земјите од регионот. Секако дека сме силни инвеститори во насока на мирот, стабилноста, безбедноста и безбедна иднина на регионот кој не повеќе од 20 години е во конфликти и војни со сериозни последици, а пристапот што сега се применува е во корист на сите наши земји. Но, за оваа заложба да биде успешна и директно да се одрази и на народите и на државите, рече тој.
Косовскиот министер Аљиу информираше дека за реализирање на патот Тетово – Призрен веќе има подготвено физибилити студија и посочи дека сега се во фаза на финансискиот договор за реализирање на проектот.
-Овој пат веќе има физибилити студија која ја изработи Република Северна Македонија. Во фаза сме на финансиски договор за да го реализираме проектот, дизајнот и за заедничкиот тунел и потоа да преминеме во фаза на целосна реализација на овој проект. Овој проект, покрај поврзувањето на Призрен со Тетово, го поврзува и делот од Националниот парк Шар Планина во делот на Република Косово со делот на националниот парк во делот на Република Северна Македонија. Овие две области имаат исклучителни вредности и можности за економски развој преку зимскиот и летниот туризам и оваа рута ќе создаде можност за заедничко управување со Националниот парк и управување со развојот на туризмот за двете земји, рече Аљиу.


