ВИДЕО | Зрак надеж од под урнатините: Близначиња стари година и пол извлечени живи во Турција

Фото: Јутјуб/Анадолија/принтскрин / колаж: Слободен печат

Речиси два дена по катастрофалните земјотреси кои однесоа илјадници животи во Турција и Сирија, спасувачите извлекле живи близначиња стари година и пол, Амине и Ахмет Елчин, од под урнатините на петкатна зграда во градот Газиантеп, јави „Анадолија“.

Спасени биле и родителите на двете дечиња, пренесува агенцијата, која објави снимка од моментот кога преживеаните беа извлечени, на општа радост на спасувачите и сите присутни.

Илјадници спасувачи работат деноноќно за да извлечат преживеани од под урнатините.

Според досегашните официјални бројки, во серијата потреси вчера и завчера во Турција и Сирија, загинале преку 7.200 луѓе, а над 25.000 се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот