ВИДЕО | Жестока тепачка изби во авион на „Рајанер“, пилотот го пренасочи авионот, полицијата исфрли патник надвор

Фото: Принтскрин/Твитер

Авионот на компанијата „Рајанер“, кој во петокот полета од Лондон до Канарскиот остров Ланзароте, мораше да слета во Португалија, откако седум патници се степаа, објави весникот „Дејли мејл“. Неименуван сведок изјавил дека сите биле Британци, а извор од португалската полиција рекол дека сите се уапсени.

Локалниот весник „Ла воз де Ланзароте“, цитирајќи изјава на сведок, наведе дека „група мажи пиеле и малтретирале некои патнички“.

 


Авионот полетал од аеродромот „Лутон“ во 8:15 часот, а требало да слета во 12:15 часот на Ланзароте. Но, тој бил пренасочен на аеродромот „Фаро“, на југот на Португалија, каде слетал во 10:50 часот.

„Дејли мејл“ на својата веб-страница објави видео на кое се гледаат четворица полицајци во униформа како насилно изнесуваат маж што дава отпор надвор. Некои патници го снимиле настанот, некои викале „збогум“, а една жена извикала: „Браво“.

 


Минатиот месец, уште три авиони од Велика Британија принудно слетаа на „Фаро“.

Авионот од лондонскиот аеродром „Станстед“ на пат кон Лисабон бил пренасочен поради технички проблем на 20 декември. Осум дена претходно, поради технички проблем, таму беше пренасочен и авионот што полета од Манчестер кон канарскиот остров Тенерифе. „Дејли мејл“ не соопшти што точно е проблемот, но авионите нормално слетале на „Фаро“.

Пред тоа и авионот на летот од Лондон Станстед кон Мароко слета на „Фаро“, бидејќи на пилотот му се слошило. Авионот исто така нормално слетал на аеродромот, а патниците биле префрлени на нов лет за Мароко.

Декември и јануари се месеци кога многу туристи од Британија патуваат на сончеви дестинации како Канарските острови и Мароко за време на зимскиот одмор.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот