Енди Бајрон и Кристин Кабот / Фото: Принтскрин/ТикТок

ВИДЕО | Експертка која го проучува говорот на телото ги анализираше љубовниците на концертот на „Колдплеј“: „Во очите страв“

Досега, веројатно сите сте го слушнале и виделе видеото од концертот на групата „Колдплеј“ – камерата во текот на големиот екран, фати маж и жена во многу цврста прегратка, што не би било необично ако Енди Бајрон, извршен директор на њујоршката компанија „Астрономер“, не е во брак, а жената во неговата интимна прегратка е неговата вработена Кристин Кабот.

Видеото набрзо стана вирално, а сега Ени Сарнблад, експертка која го анализира говорот на телото, исто така се огласи на социјалната мрежа ТикТок и ја објасни нивната реакција. Во видеото, кое собра повеќе од 400.000 прегледи, Сарнблад детално објаснува што може да се прочита од нивната невербална комуникација.

„Да го погледнеме говорот на телото и изразите на лицето на двојката од „Колдплеј“. Прво, го гледаме стравот во нивните очи – проширувањето на очните капаци и ненадејното повлекување на веѓите. Потоа е говорот на телото што укажува на срам – жената целосно го покрива лицето со рацете. Потоа се врти и се обидува себеси да се направи помала, спуштајќи ги рамената надолу и привлекувајќи ги кон своето тело“, рекла Ени.

А потоа таа искоментирала и него. „А тој… Тој едноставно се скри“, рекла Ени кратко, што можело да се види и во видеото.

 

@anniesarnblad Let’s look at the body language from this viral clip! 🤨 #microexpressions #anniesarnblad #emotions #facialexpressions #diaryofahumanliedetector ♬ original sound – Annie Sarnblad


Да потсетиме, снимката од концертот се прошири со молскавична брзина, прво на ТикТок, а потоа и на социјалната мрежа Икс, порано Твитер. Корисниците веднаш почнаа да дискутираат за природата на односот помеѓу двајцата колеги и можните последици за нивниот приватен и деловен живот.

 

@instaagraace trouble in paradise?? 👀 #coldplay #boston #coldplayconcert #kisscam #fyp ♬ original sound – grace


Несекојдневниот настан го привлече вниманието и на светските медиуми, но додека не престанат шпекулациите, главните актери – Бајрон, Кабот и сопругата на Бајрон – мудро молчат и сè уште не се огласиле официјално. Но, корисниците на социјалните мрежи забележаа дека сопругата на Енди Бајрон, Меган Кериган Бајрон, го отстранила неговото презиме од своите профили на социјалните мрежи во четвртокот, а потоа ги деактивирала профилите.

Исто така, компанијата на Бајрон објави дека започнале истрага, и додека не заврши, тој е отстранет од позицијата извршен директор. Во меѓувреме, тој си даде оставка од фирмата „Астрономер“.

ВИДЕО | Прељубникот од концертот на „Колдплеј“ даде оставка од фирмата „Астрономер“

ВИДЕО | Крис Мартин ги фати на дело? Оженет, моќен директор „уловен“ со љубовницата од човечки ресурси на концерт на „Колдплеј“

Фатен на дело: Суспендиран директорот на „Астрономер“ по аферата на концертот на „Колдплеј“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот