ВИДЕО | Завиени во тага: Почина четиригодишната ќерка на американскиот рапер Фети Вап

Фети Вап
Фото: Instagram

Лорен Максвел, четиригодишната ќерка на раперот Фети Вап, почина од засега непознати причини, а веста за нејзината смрт на социјалните мрежи ја потврди нејзината мајка.

„Ова е мојата неверојатна, убава, смешна, жива, талентирана, паметна и тврдоглава принцеза, сирена… Ако го видите овој пост, коментирајте или само кажете „Те сакам Лорен“, бидејќи велат дека душите можат да чувствуваат љубов. Почивај во мир“, стои во описот на објавата на скршената мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @fineassturquoise


30-годишниот рапер не ја коментираше смртта на својата ќерка, но се чини дека тоа го потврди во неделата по настапот на фестивалот во Мајами, пишува магазинот „Rep-ap“.


„Лоло, тато вечерва настапи за тебе“, скршен од болка кажал раперот.

Лорен беше едно од шестте деца на раперот. Ова не е единствената загуба во неговото семејство, бидејќи неговиот помлад брат почина во минатата година во октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот