ВИДЕО: Загинаа четворица планинари на француските Алпи, огромна лавина ги поклопи за миг

Фото: Твитер

Во лавина на француските Алпи, најмалку четири луѓе загинаа, објави на Твитер Министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин.

„Лавина се случила среде бел ден кај глечерот Амансет на Алпите. Привремениот извештај покажува 4 загинати и неколку повредени. Спасувачите се уште работат, им благодариме за нивната акција“, објави на Твитер Министерот за внатрешни работи на Франција Жералд Дарманин.

Локалната радио станица „France-Bleu“ објави дека лавината била долга еден километар и широка 100 метри. Два хеликоптери се испратени да помогнат во потрагата.

Покрај четворицата загинати кои биле планинари, во моментот на несреќата имало уште девет лица, но се уште се утврдуваат информациите за нивната состојба.

Инаку во популарниот ски-центар Мала Мојстровка во Словенија денеска се случи голема несреќа кога лавина „однесе“ седум лица.

Иако првите информации беа дека животот го загубиле осум лица, набрзо полицијата излезе со информација дека седум лица се спасени, но се уште не се знае степенот на нивните повреди, известија од ПУ Нова Горица, а пренесуваат Словенске новине. Исто така, не се знае од која националност се повредените.

Ужас во Словенија: Снежна лавина затрупа 7 лица, итно активиран спасувачки хеликоптер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот