Евгениј Пригожин / Фото: WillWest News / Profimedia
Евгениј Пригожин / Фото: WillWest News / Profimedia

ВИДЕО: Загина водачoт на „Вагнер“ Пригожон во пад на руски авион

Загина водачат на „Вагнер“ Евгениј Пригожин при пад на руски авион кој се урнал во близина на селото Куженкино во областа Твер.

Од руската служба за итни случаи информираат дека во авионот имало 10 лица, меѓу кои и 3 членови на екипажот кои според првичните информации загинале.

Федералната агенција за воздушен транспорт на Русија иницираше истрага за падот на авионот Ембраер што се случи во регионот Твер, се вели во соопштението на агенцијата ТАСС додавајќи дека името Евгениј Пригожин е вклучено во списокот на патници.

Шефот на платеничката група Вагнер, Пригожин водеше неуспешен бунт против руските вооружени сили во јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот