Пожар во Јасен/Фото: ДЗС

ВИДЕО | Втор ден пожар во ловиштето Јасен, се гаси од воздух со хеликоптери и ер трактори

Вчера попладне изби шумски пожар на територијата на ЈП ловиште Јасен околу неколку километри после капијата за влез од скопската страна (т.н. “капија Кула”), информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

-На местото на пожарот веднаш се упатија вработените од Јасен кои дејствуваа врз пожарот од земја на исклучително тежок терен. Набргу потоа со дејство врз пожарот започнаа два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување а подоцна на нив се придружија и два полициски хеликоптери. Пред стемнување пожарот најпрво беше ставен под целосна контрола а потоа и целосно изгаснат без знаци на горење. Од стрна на вработените од Јасен беше извршена контрола на изгаснатата линија на пожарот и никаде не беа забележани знаци на горење, информира Ангелов.

Од ДЗС додаваат дека во текот на ноќта пожарот повторно се реактивирал поради што рано наутро екипите на Јасен повторно излегле на терен и почнаа со гаснење на местата каде тоа беше возможно од земја.

-Како поддршка веднаш се упатени два полициски хеликоптери кои со извонредно прецизно дејство помагаат за совладување на овој шумски пожар. Нешто подоцна со дејство започнаа и два ер трактори на ДЗС. И покрај исклучително тешкиот терен, се прават напори пожарот да биде ставен под контрола во текот на денешниот ден. Теренските услови не дозволуваат употреба на специјалните возила на ДЗС, соопшти Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот