ВИДЕО: Возач нагло запре за да спаси желка на пат во Америка, предизвика голем верижен судир

Фото: принтскрин

Голема верижна несреќа се случила на автопат во американската држава Флорида, кога еден возач застанал на патот за да спаси желка која го преминувала. Но, возачот со непромислениот потег ја загрозил безбедноста на другите учесници во сообраќајот, предизвикувајќи голем верижен судир.

„Одлуката на возачот да застане на сред автопат на Флорида доведе до верижниот судир, во кој учествувал и камион, чија камера ја забележа несреќата:

Снимката од камерата во камионот вклучен во несреќата открива се. Возачот на камионот не успеал навреме да закочи и се судрил со најмалку две возила. Видеото е објавено и од Канцеларијата на шерифот на округот Волтон (WCSO) заедно со порака во која се повикуваат возачите да избегнуваат такви ненадејни реакции кога ќе видат мали животни на патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот