ВИДЕО | Вооружени талибанци околу авганистански водител: Не се плашете

Талибански војници заобиколиле водитен на авганистанска ТВ/ Фото Youtube Screenshot CNN-News18

Синоќа излезе снимка од авганистански водител кој, заобиколен од вооружени талибанци, ја водеше својата емисија, говорејќи дека тие не треба да се плашат од талибанците.

Иако тој говори како тие не треба да се плашат, на снимката водителот изгледа преплашено.

„Со вооружени талибански војници кои стојат зад него, водителот на програмата „Слободно Студио“ од авганистанската телевизија вели дека Исламскиот емират сака да и соопшти на јавноста дека авганистанците треба да соработуваат со нив“ напиша на Твитер новинарот на Би-Би-Си, Киан Схарифи.

Авганистанските новинари се под големи притисоци откако талибанците ја презедоа земјата. Тие влегуваат во нивните домови, им се закануваат, а неколку и убија.

ФОТО: Водителка интервјуира талибанец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот