Се урна воен авион во Јужна Кореја/Фото: Скриншот Икс

ВИДЕО | Воен авион се урна во Јужна Кореја

Авион на морнарицата се урна во јужнокорејскиот град Поханг, соопшти денес локален владин претставник.

Јужнокорејската војска соопшти дека поморскиот патролен авион со четири лица се урнал во близина на воена база во јужниот град Поханг.

Несреќата се случила во 13:43 часот, соопшти јужнокорејското Министерство за национална одбрана, додавајќи дека се вложуваат напори за утврдување на причините за несреќата и бројот на жртви.

Претходно, новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на властите, објави дека авионот се урнал во планинска област на источниот брег на земјата.

Од местото каде што се урна авионот се креваше чад, објави Јонхап, повикувајќи се на очевидец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот