ВИДЕО: Водителка на Би-Би-Си покажа среден прст во емисија во живо

Новинарка на Би-Би-Си покажа среден прст во емисија во живо/Фото: Скриншот/Х

Непристојниот гест што го направи во етер водителката на Би-Би-Си, на почетокот на известувањето во живо во 12 часот во средата, стана вирален во последните неколку часа.

Според Дејли Мејл, Маријам Мошири била разоткриена со подигнат среден прст веднаш по презентирањето на воведните наслови, откако очигледно не сфатила навреме дека започнал преносот во живо.

На снимката што го обиколи интернетот, се чини дека Мошири веднаш сфатила што се случило, целосно го промени изразот на лицето и почна да чита вест за Борис Џонсон.

„Во живо од Лондон, гледате вестите на Би-Би-Си“, се слуша како вели водителката, продолжува таа професионално да ја води програмата.

Сепак, фактот што неколку моменти подоцна таа рече „коронаверс“ наместо „коронавирус“ во врска со пандемијата сугерира дека можеби се чувствувала понервозно, откако сфатила дека на нејзиниот гест од почетокот на информативниот блок сведоци биле илјадници гледачи.

На социјалните мрежи имаше различни коментари за гестот на Мошири, од критики за водителката за недостаток на професионализам, додека други изразиле разбирање за неволјата во која се нашла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот