ВИДЕО: Во исчекување на вакцините против ковид-19, земјите од Западен Балкан го губат трпението

epa08951852 The Pfizer-BioNTech vaccine at a vaccination centre in Salisbury Cathedral in Salisbury, Britain, 20 January 2021. More than four million people in the UK have received their first dose of a Covid-19 vaccine, according to government figures. People in their 70s and the clinically extremely vulnerable in England are now among those being offered the vaccine. EPA-EFE/NEIL HALL

Сите земји од Западен Балкан се членки на механизмот КОВАКС, но освен со неколку ислкучоци, испораките на вакцини нема да започнат до првиот квартал од 2021 година. За разлика од регионот вакцинациите во ЕУ започнаа на 27 декември.

Вакцинацијата против Ковид-19 во земјите од Западен Балкан во првиот квартал од 2021 година

Светската здравствена програма КОВАКС, во која учествуваат вкупно 190 земји се обврза да обезбеди најмалку две милијарди дози на различни вакцини до крајот на 2021 година.

Националистички маркетинг во дозите вакцини

Земјите од Западен Балкан се во неизвесност. Некои чекаат и се надеваат на Европската унија (ЕУ), некои бргу се снајдоа, има и земји кои потфрлаат а некои потфрлија, некои попуштаат, а некои спроведуваат истрага. Деновиве, вака изгледа регионот на Западен Балкан кога станува збор за моментално најбараната состојка во светот за која скоро сите се надеваме дека ќе ни ги спаси животите. Тоа е вакцината против коронавирусот.

Од самиот почеток на пандемијата, редот се реди „како за леб и млеко“, но овој пат наместо пред МНТ редот се направи во фоајето на ЕУ.

Сега медицинската опрема и респираторите не се на дневен ред. Но, бидејќи богатите земји веднаш ги резервираа вакцините против вирусот што сè уште го „заклучува светот“, како што стојат работите во моментов, станува сè потешко да се добијат вакцини.

Бидејќи поговорката „јаболко на ден – доктор е непотребен“ за ковид-19 не важи, тактиката „кој е побрз тој е поздрав“ и „спаси се како можеш“ почна да се спроведува.

Во однос на регионот, Србија успеа да обезбеди голем број дози од вакцината на „Фајзер“, и уште многу повеќе од вакцината „Синофарм“. До сега се вакцинирани повеќе од 300.000 граѓани на Србија.

За разлика од Србија, Хрватска иако е членка на ЕУ што веќе добила одредени количини, ќе мора да ја одложи вакцинацијата. Поточно, за некои граѓани, втората доза на вакцината ќе се одложи за седум дена.

Причината за тоа е што во следните четири недели, Хрватска ќе добие 13.650 дози помалку од првично планираните, а суштината на проблемот е во испораките што не можат да ги исполнат производителите на вакцини одобрени во ЕУ.

Албанија исто така започна да вакцинира и против коронавирусот на 11 јануари, со нешто помалку од 1.000 дози примени како донација од земја на ЕУ.

Еди Рама се сретна со шефот на „Фајзер“: Наша амбиција е да започнеме вакцинирање во февруари

Премиерот Еди Рама уште откако се сретна со директорот на Фајзер ја критикува ЕУ за занемарување на земјите од Западен Балкан. Тој исто така вети дека на Косово ќе му даде дел од обезбедените вакцини.

ВИДЕО: Стотици Косовци одат во Србија за да примат вакцина

И Косово сè уште не успеа да обезбеди или да купи вакцини. Властите ја убедуваат јавноста дека со помош на механизмот КОВАКС вакцините ќе стасаат на почетокот на Февруари. „Пукна“ и голем скандал откако премиерот Авдула Хоти соопшти дека е постигнат договор за набавка за вакцини со компанијата Фајзер, но само за еден ден медиумот Калзо стапи во контакт со производителот и ја демантираше веста.

Србија и начинот на кој успеа да внесе вакцини на територијата на Косово, покрај парламентарните избори кои се главна тема кај нашиот сосед е сè уште тема на истрага и вести. Револтирани се и докторите од северот на Косово.

Османи: Србија ја користи секоја прилика да го дестабилизира Косово

Лекарите и медицинските работници од Северна Митровица и Звечан, вчера организираа протестна прошетка од Клиничкиот болнички центар до Основното обвинителство, каде што предадоа протестно писмо во кое бараат да им биде дозволено да работат непречено и да им овозможуваат непречена здравствена заштита на сите пациенти без оглед на националноста. Главната причина за протестната прошетка се неодамнешните упади на косовската полиција во одредени здравствени установи во српските области и заканите по лекарите и пациентите.

Оваа реакција следи по инспекцијата на приштинското Министерство за здравство и полицијата која истражуваше и во Здравствениот дом во Штрпце.

Како што пренесоа локалните медиуми на српски јазик по инспекцијата на здравствената установа во општината која се наоѓа на Шар Планина, во записникот стои дека директорот на локалниот здравствен центар добил предупредување дека поседувањето на „незаконски стекнати вакцини“ е кривично дело.

Босна и Херцеговина воопшто не успева да набави вакцини за да започне со имунизација. Радио Слободна Европа дури објави наслов дека српскиот член на Претседателството на БиХ и сегашен претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик го критикуваше механизмот КОВАКС и рече дека ќе побара од Вучиќ дел од вакцините за Република Српска.

Сараевскиот портал Кликс исто така деновиве напиша дека властите во БиХ „не се во можност сами да решат скоро кој било поголем проблем, туку“ молат „за помош однадвор“. По бројните слични написи во босанските медиуми следеше реакција упатена до Додик од поранешниот министер за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ.

Тој на својот Твитер профил напиша: „Секоја чест на Вучиќ, ти како претседател на државата, и со твоето влијание и статус во меѓународната заедница, не можете да не добиете ниту влезница за филм. Тлку од вашата репутација. Значи, паднавте на просење“

 

Северна Македонија исто така побара помош. По ветувањето на соседна Бугарија дека ќе ни испрати вакцини кои сѐ уште не стасаа, премиерот Зоран Заев побара помош и од Србија. Тој на Твитер објави дека од Србија ќе пристигнат 8.000 вакцини произведени од Фајзер.

Состојбата со набавка на вакцини во Црна Гора сè уште е неизвесна. Владата на Кровокапиќ најави дека вакцините ќе пристигнат на крајот на јануари или почетокот на февруари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот