Резервисти кои служеле со убиецот тврдат предупредиле за масовните престрелки во Мејн

Резервистите на американската армија кои беа сведоци на менталниот и физичкиот пад на колегата кој го изврши најсмртоносното масовно пукање во Мејн, рекоа на комисијата дека се обиделе да интервенираат пред трагедијата.

Шест недели пред Роберт Кард да убие 18 луѓе во бар и куглана во Левистон, Мејн, минатиот октомври, неговиот најдобар пријател и колега резервист Шон Хоџсон испратил порака до надзорниците.

Хоџсон пред комисијата сведочеше дека ги информирал претпоставените за непредвидливото и насилното однесување на Кард.

Тој потенцира дека предупредил на масовно пукање бидејќи Кард им се заканувал на повеќе членови на единицата со насилство и дека неговите закани и заблуди ескалирале.

„Начинот на кој се однесуваше беше многу заканувачки. Ескалираше. Севкупноста на околностите, настаните што доведоа до тој момент, бев прилично убеден дека ќе предизвика штета“, рече тој.

Хоџсон им рече на претпоставените на 15 септември: „Верувам дека ќе пукне и ќе изврши масовно пукање“.

Таа порака дојде неколку месеци откако роднините ја предупредиле полицијата оти Кард станал параноичет и дека се загрижени за неговиот пристап до оружје.

Неуспехот на властите да го отстранат оружјето на Кард во неделите пред пукањето стана предмет на повеќемесечна истрага во државата, која исто така донесе нови закони за безбедност на оружје по трагедијата.

Друг колега резервист, Дерил Рид, изјави пред комисијата дека од прва рака бил сведок на менталното и физичкото опаѓање на Кард, и истакна дека видел како „нормален човек“ кој тргувал со акции и сакал лов, станува се повеќе параноичен верувајќи дека другите го нарекуваат педофил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот