ВИДЕО: Стотици Косовци одат во Србија за да примат вакцина

Српските медиуми јавуваат дека стотици граѓани од Косово отишле во Бујановац за да ја примат вакцината против ковид-19.

Според порталот „Бујановачке“, стотиците косовски Албанци доаѓаат од повеќе општини во Косово, но најмногу од нив се од општината Гњилане и околните општини.

„Бујановачке“ пишува дека директорот на Здравствениот дом таму рекол дека оваа институција им дава вакцини против ковид-19 на граѓаните на Косово, само по налог на Министерството за здравство во Србија.

На овие написи реагираше Градоначалникот на Бујановац, Нагип Арифи. Тој ги негираше извештаите на српските медиуми. Арифи во интервју за весникот „Експрес“ рече дека не е точно дека косовските Албанци примиле вакцина против ковид-19 и сите што отишле во Бујановац се српски државјани на Косово.

Прочитајте и...  Најмалку 18 цивили загинаа откако два автобуса нагазиле на мини во сириската провинција Хама

Тој беше дециден дека ниту еден Албанец од Косово не примил вакцина против ковид-19 во општина Бујановац.

Србија кон крајот на минатата година, како што потврди претседателот Александар Вучиќ, по алтернативни патишта успеа да ја внесе вакцината на територија на Косово. Сепак, по реакцијата на косовските институции, процесот беше запрен.

Вакцината Фајзер предизвика уште еден скандал меѓу Србија и Косово: Косовските власти не знаат како Србија успеа да ги внесе вакцините во српските општини

После тоа, Владата на Србија одлучи косовските Срби да ја примат вакцината против ковид-19 во Куршумлија, општина која е на самата административна гранична линија со Косово.

 

Поврзани вести

Брнабиќ: Фотографиите од убиствата не беа многу страшни, има и пострашни

Слободен печат

Растурена свадба во хотел во Тетово

Слободен печат

Австрија ја суспендираше вакцината Астра зенека

Слободен печат

Коневски очекува отчет од Мицковски пред делегатите

Слободен печат

Зошто жените губат во градоначалничката трка?

Весна Тодоровска

Шахпаска: Преку Законот за родова еднаквост ја зајакнуваме улогата на жените во секоја сфера на општественото живеење

Слободен печат

Остави Коментар