Османи: Србија ја користи секоја прилика да го дестабилизира Косово

epa07845371 Vjosa Osmani, candidate for prime minister from the biggest opposition party Democratic League of Kosovo (LDK) holds a speech during a pre electoral rally in southern town of Prizren, Kosovo, 15 August 2019. Kosovo's early elections will be held on 06 October 2019. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Вршителката на должноста претседател на Косово, спикерката на косовското Собрание Вјоса Османи вели дека, со делењето вакцини во средините со мнозинско српско население во северно Косово, Србија врши флагрантно кршење на меѓудржавните договори потпишани во Брисел со посредство на Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

За време на денешната посета на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, Османи изјави дека Србија ја користи секоја прилика за да го дестабилизира Косово.

Според неа, случајот со српските вакцини во земјата „говори и за недостаток на подготвеноста на косовските институции”, кои треба да ги информираат сите граѓани, вклучително и оние во северно Косово, за времето кога се очекува да биде обезбедена вакцината.

– Се додека недостасуват такви информации и координација, нормално дека Србија ќе го користи секој простор и секој вакуум за да ја дестабилизира земјата. Бидејќи тие и кога го користат тоа како аргумент дека наводно се грижат за граѓаните, фактички тоа го прават за да ја дестабилизираат безбедносната, но и политичката ситуација, што подоцна може да предизвика тешки последици. Се разбира дека истрага мора да се спроведе и лицата кои го извршиле тој процес на илегален начин мора да одговараат, изјави Османи.

Таа рече дека Косово доцни со обезбедувањето на вакцините, за што треба да се бара одговорност од Владата, но додаде дека се правата други напори за да се добие помош во тој правец од државите на Европската унија.

Косовските власти најавија истрага за начинот на кој илегално од Србија се внесени вакцините за српското население во Косово, како и одговорност за лицата кои го сториле тоа.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот