Еди Рама се сретна со шефот на „Фајзер“: Наша амбиција е да започнеме вакцинирање во февруари

Премиерот на Албанија, Еди Рама, на Фејсбук објави фотографија со генералниот директор на компанијата „Фајзер“ која ја произведе првата вакцина за коронавирус со 95% ефикасност.

„Позитивната средба со шефот на Фајзер, Алберт Боурла, во седиштето на компанијата за производство на вакцини во Њујорк, ги заклучи нашите комуникации од оваа посета за обезбедување на вакцината за Албанија – извонреден предизвик пред вртоглаво глобално барање.“

Рама исто така нагласи дека амбицијата на албанската влада е да започне вакцинирање во февруари.

„Производството е сè уште многу пониско од светската побарувачка. Но, нашата амбиција е да не останеме зад долгата низа држави кои бараат вакцини! Освен новоотворениот канал за вакцината Фајзер, ќе ги отвориме и каналите за вакцините Модерна и АстраЗенека.“

„Нашата амбиција е да започнеме со вакцинирање во првите два месеци од новата година! Се чини невозможно, но ќе успееме, и покрај крајната тешкотија во оваа ситуација за сите, каде што, сепак, помалите и земјите со пониски примања се исто така најобесправени!“, напиша Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот